Во секоја четвртина ќе има задолжително по два тајм-аути, а секоја екипа во последните три минути, наместо досегашните три на располагање ќе има право двапати да побара тајм-аут.

Ќе биде скратена и паузата на полувреме и ќе изнесува точно 15 минути, а времето ќе почне да се мери веднаш по завршувањето на втората четвртина. Доколку некоја од екипите не биде подготвена за игра по истокот на паузата, ќе биде санкционирана.

Промени има и при изведувањето на слободни фрлања и таа се однесува на играчот кој ги изведува дека не смее да излезе надвор од линијата за три поени меѓу две изведени слободни фрлања. /МИА

коментари

остави коментар