Имено по 25-минути игра, судиите решија да го прекинат дуелот при резултат 58-54 за Македонија.

Ваквата одлука на словачките судии дојде откако претходно тие за само неколку минути имаа серија на лоши одлуки. Македонската селекција доби три технички грешки, две неспортски прекршоци и една исклучувачка и тоа само по нецели пет минути игра во третата четвртина, што разбирливо донесе огромна нервоза кај сите во нашиот репрезентативен табор.

Ситуацијата кулминираа со неспортска грешка на Диме Тасовски и исклучувањето на Александар Костоски, на што реагирале од нашата клупа, па судиите решиле средбата да ја прекинат.

Како што не информира спортскиот директор на македонската репрезентација Тодор Ѓечевски, ваквата арбитража била дел и од првиот меч одигран вчера кој Словаците го добија со 89-74. Но, откако денешниот дуел нашите кошаркари го започнаа добро и во најголемиот дел од натпреварот го контролираа резултатот, домашната судиската тројка решила да им помогне на нивните играчи, но тоа судиите го правеле на неумесен и иритирачки начин.
Ова беа првите контроли за избраниците на селекторот Јорданчо Давидков, пред августовските Мундијалски квалификации.

По Словачка кошаркарите се враќаат во Скопје, каде ќе следува дуел со Бугарија на 15 јули, а потоа од 20 до 23 јули во Скопје, ќе се одржи турнирот „Трофеј Македонија“ на кој црвено-жолтите редоследно ќе играат против Португалија, Холандија и Босна и Херцеговина. 

Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 19:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар