На седмиот носител на овој турнир Чилиќ му беа потребни пет сета (3:2) во четвртфиналето да го елиминира Жил Милер од Луксембург.

Откако првиот сет го доби Милер со 6-3, во следните три се водеше голема борба па во вториот беа одиграни тринаесет (6-7), односно по дванаесет гема во третиот и четвртиот сет (7-5 и 5-7). Во решавачкиот пети сет Хрватот беше далеку поубедлив и на противникот му препушти само еден гем (6-1).
Чилиќ во полуфиналето закажано за во петок ќе игра против Американецот, Сем Квери кој го елиминира првиот рекет и бранител на трофејот на Вимблдон, Енди Мареј во четвртфиналната рунда.

Вториот полуфинален пар на Вимблдон ќе го дадат победниците од мечевите меѓу,

Новак Ѓоковиќ (Србија, 2-носител) - Томас Бердих (Чешка, 11) и Роџер Федерер (Швајцарија, 3) – Милош Раонич (Канада, 6). 

Датум на објава: среда, 12 јули 2017 во 19:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар