Во првиот од двата натпревари кои црвено-жолтите ги играат на гостински терен во Братислава, нашите кошаркари се совладани од Словачка со 74:89.
Денешниот меч беше од затворен карактер, па затоа освен конечниот резултат друга информација за текот на натпреварот нема.

Утре се очекува избраниците на селекторот Јорданчо Давидков да се претстават во подобро издание во вториот натпревар, кој ќе се игра со почеток од 16 часот и е од отворен карактер.

Потсетување дека овие натпревари се дел од подготовките за претстојните августовски квалификации за Светското првенство во Кина, во кои Македонија за противници ќе ги има селекциите на Естонија и Косово.

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 22:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар