Според информациите кои доаѓаат од редовите на мадридскиот клуб, првакот на Русија, ЦСКА Москва по сугестија на тренерот Димитрис Итудис е пред ангажирање на Хантер. Америкaнскиот центар  во следните неколку дена ќе потпише двогодишен договор со „црвено-армејците“.

Тој доаѓа во ЦСКА како замена за неговиот сонародник Аугустин, кој замина во градскиот ривал Химки.

Хантер има големо европско искуство носејќи го дресот на Олимпијакос, Монтепаски Сиена и Реал Мадрида, а минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,6 поени и 4,5 скокови по натпревар.

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 21:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар