Денешниот ждреб одржан во просториите на ФИБА одлучи естонскиот претставник да биде клубот против кој македонскиот вицешампион ќе се бори за понатамошен пласман.

Првиот натпревар, во рамки на првата квалификациска рунда Карпош Соколи ќе го одигра на домашен терен во периодот од 19-21 септември, вториот се игра на гостински терен.

Доколку македонскиот вицешампион ја мине првата квалификациска рунда ќе се натпреварува во втората квалификациска рунда во периодот од 24-26 септември каде ривал ќе им биде Алба Фехервар.

Третата квалификациска рунда е предвидена за периодот 29 септември - 2 октомври. Победниците обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони која ќе започне на 10 октомври. Вкупно 32 екипи од Европа ќе се борат за титулата.

Во првото издание на ЛШ, изминатата сезона трофејот го освои Иберостар Тенерифе, додека македонскиот репрезентативец Џордан Теодор е прогласен за најкорисен играч (MVP) на сезоната. 

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 15:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар