Македонија обезбеди пласман за ЕП преку квалификациите кои ги заврши на првата позиција во групата во конкуренција на Чешка, Украина и Исланд.

Ова е петти обезбеден пласман за македонските сениори на големите континентални натпреварувања и вкупно десетти заедно со Светските првенства.

Покрај одлуката за премија на репрезентацијата, РФМ донесе одлука сите клубови во Женската сениорска лига на Македонија да бидат ослободени од исплата на судиски и делегатски такси, почнувајќи од сезона 2017/18. Единствен трошок на клубовите за учество во Женската сениорска лига остануваат патните трошоци за службените лица.

– Минатата сезона 2016/17, РФМ комплетно ги превзема трошоците за судиските и делегатските такси на сите клубови од младите категории (младински, кадетски и пионерски лиги во машка и женска конкуренција), а почнувајќи од наредната сезона 2017/18, РФМ ќе ги покрие таксите за службените лица и на клубовите од Женската сениорска лига, соопштија од РФМ. /МИА

Датум на објава: вторник, 11 јули 2017 во 11:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар