„Црвено-црните“ имаа полесна подготовка на стариот стадион на Малме, кој што се наоѓа веднаш до новиот стадион на кој што ќе се игра натпреварот со шведскиот првак.
За денес попладне во 18 часот е закажана прес конференција на Вардар, а во 19 часот е официјалниот тренинг на екипата на новиот стадион на Малме.
Натпреварот Малме – Вардар ќе се игра утре од 19 часот./МИА

коментари

остави коментар