За двегодишниот договор со НБА лигашот Теодосиќ ќе заработи 12 милиони долари.

- Доаѓањето во НБА лигата е чекор во мојата кариера кој долго чекав да го направам. Ги одбрав Клиперс, иако имав и други понуди. Мислам дека овој клуб е најдобриот избор за мене. Сега ми претстои Европското првенство, а потоа докажувањето во насилната лига на светот, порача Теодосиќ.

Тој кариерата ја започна во 2004 година во ФМП Железник, потоа настапуваше во Борац Чачак, Олимпијакос, а последните шест години беше играч на ЦСКА Москва. /МИА

коментари

остави коментар