Првенството стартува на 30 септември, а првата гостинска средба „металците“ ќе ја одиграат во Белград против ФМП во рамки на 2. коло.

Актуелниот шампион Црвена звезда во Скопје ќе гостува следната година, во рамки на 17.коло.

Финишот на сезоната ќе биде во тежок ритам со оглед на тоа што во последните три кола МЗТ Скопје ќе им гостува на двата црногорски тимови Будуќност и Морнар, а во Скопје ќе ја пречека секогаш силната Цедевита. 

Датум на објава: понеделник, 10 јули 2017 во 22:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар