Македонија вчера со 68:66 го совлада Косово и ја запиша првата победа на гостински терен оваа календарска година, втора над врсниците од Косово.

Овој натпревар беше последен на младинската селекција во рамки на подготвителниот период. Во наредните два дена селекторот Мирко Петрески заедно со членовите на својот стручен штаб ќе мора да ги одбере дванаесеттемина кои ќе ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство (Дивизија Б) кое од 14 - 23 јули ќе се одржи во Орадеа, Романија./МИА

коментари

остави коментар