Македонската тенисерка го доби првиот сет со 6:3, а во вториот беше поуспешна со 6:4.

Ѓорческа која е прва носителка на турнирот полуфиналниот меч го реши во своја полза за еден час и 16 минути игра.

Противничка на Ѓорческа во финалето закажано за утре во 15 часот ќе биде Мари Осака од Јапонија.

Турнирот во Денен е со награден фон од 25 илјади долари.

Датум на објава: сабота, 08 јули 2017 во 16:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар