Откако вчера македонските младинци ги победија Романците со 76:65, денеска црвено-жолтите беа поразени со 85:66 по четвртини 8-17, 21-20, 23-20 и 25-17.
Тројца македонски репрезентативци средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 18 имаше Михајло Митев, додека Стефан Глигориевиќ постигна 13, а Виктор Ефремовски беше стрелец на 10 поени.

Ова беше и последна контрола за избраниците на селекторот Мирко Петрески, кои на шампионатот во Ородеа ќе отпатуваат следната среда, а таму ќе играат во Ц група против домаќинот Романија, Грузија, Малта и Албанија против која на 15 јули ќе го имаат првиот настап.

Датум на објава: среда, 05 јули 2017 во 21:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар