Македонија натпреварите од групата Ц ќе ги игра во Загреб, а ривали се: Германија (европски шампион), Словенија и Црна Гора.
Македонија во првото коло на 13 јануари ќе игра против Словенија од 19:30 часот, по два дена подоцна против Црна Гора нашата репрезентација ќе игра во терминот од 20:30 часот, додека во последното коло од групата против европскиот првак Германија на 17 јануари, Македонија ќе игра во терминот од 18:10 часот.
Натпреварите на ЕП во ракомет во Хрватска ќе се играат во четири градови во Хрватска: Загреб, Сплит, Пореч и Вараждин, од 12 до 28 јануари 2018 година.

Датум на објава: четврток, 29 јуни 2017 во 17:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар