Ривалите за новата сезона вардарки ќе ги дознаат на 30 јуни во Љубљана.

Покрај Вардар во првиот барабан се уште и екипите на Ѓер, Будуќност и ЧСМ Букурешт. Тоа значи дека овие екипи не може да бидат наши ривали на „црвено-црните“ во првиот круг натпревари.

Ќе се формираат четири групи со по четири екипи. Потенцијалните ривали на Вардар доаѓаат од другите барабани.

Од вториот барабан тоа се: Ларвик, Ростов, Никобинг Фалстер (Данска), Мец.

Од третиот се Битигхајм, Крим, ФТЦ, Митјиланд.

Од четвртиот засега познати се само две екипи, Вистал Гдинија и Брест, а другите две места ќе бидат познати по одигрување на квалификациите.

Пропозициите се слични како и лани, првите три екипи од секоја група продолжуваат во следната фаза, односно ќе се формираат две нови групи каде се пренесуваат бодовите од екипите со кои се играло во групната фаза.

Групната фаза се игра во октомври и ноември, главната од крајот на јануари до почетокот на март 2018, а четвртфиналните средби се на почетокот на април 2018. Ф4 турнирот е закажан за 12 и 13 мај 2018 година. /МИА

Датум на објава: вторник, 27 јуни 2017 во 12:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар