Вестбрук сезоната 2016/17 ја заврши со просечни 31.6 поени, 10.6 скока и 10.4 асистенции по натпревар.

Признанието за најдобар одбранбен играч одтиде кај Дрејмонд од Голден Стејт. Тој ги победи Каваи Ленард и Руди Гобер.

Малком Бродон од Милвоки ја доби наградата за најдобар дебитант (Руки) на годината.

Предводникот на Хјустон, Мајк Д’Антони е прогласен за најдобар тренер на годината.

Наградата за најдобар шести играч отиде кај Ерик Гордон исто така од Хјустон, додека Јанис Адетокумбо е прогласен за кошаркар кој најмногу напредувал.

Специјалната награда за животно дело му припадна на легендарниот Бил Расел. /МИА

Датум на објава: вторник, 27 јуни 2017 во 09:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар