Меѓу највпечатливите моменти се и 30-те најдобри голови и 30-те најдобри одбрани. Сезонава се постигнаа 11.083 гола во ЕХФ Лигата на шампионите.
Од ракометарите што настапуваат за македонските екипи двата гола на Лука Циндриќ и на Иван Чупиќ на Ф4 турнирот во Келн влегоа во потесниот избор. Прво Циндриќ во полуфиналето во последните секунди го постигна победничкиот гол за Вардар против Барселона, а на сличен начин во финалето против ПСЖ реализираше и Иван Чупиќ, гол што ни ја донесе европската титула.

Во изборот на најдобрите 30 голови на сезонава се најде и голот на Тимур Дибиров во четвртфиналето со Флензбург.

Избор имаше и на највпечатливите 30 одбрани на голманите сезонава, а таму се најде Арпад Штербик, и тоа со парада во финалето на Ф4 турнирот против ПСЖ. 

Датум на објава: вторник, 20 јуни 2017 во 13:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар