Македонската млада репрезентација со висок пораз од 5:0 против Шпанија, дебитираше на Европското првенство во Полска. Македонија покажа желба да се надигрува со „црвената фурија“, но тоа на крајот резултираше со пет гола во мрежата на нашаиот голман Игор Алексовски.

Ѕвездата на Реал Мадрид, Асенсио  даде три погодоци. Еден погодок имаше и Саул, кој го отвори резултатот во 10 минута. Играчот на Атлетико Мадрид, со „ножички“ ја затресе мрежата на Македонија. Во листата на стрелци се запиша и Делафеу, кој беше прецизен од пенал, пред крајот на првиот дел.

И порај високиот пораз, нашите репрезентативци покажаа дека знаат да играат фудбал, чесно напаѓаа, но немаа среќа да дадат барем почесен погодок. Најдобрата шанса за историски погодок ја имаше капитенот Давид Бабунски, кој со волеј удар ја погоди пречката во вториот дел.Според статистиката, Шпанија го имаше поседнот на топката со 59 отсто, наспроти 41 на Македонија. Податок дека Македонија напаѓаше се и седумте изведени корнери, наспроти четири удари од аголот за противникот.

Во второто коло, Македонија ќе игра против Србија, додека противник во третото коло ќе ни биде Португалија. 

Датум на објава: сабота, 17 јуни 2017 во 23:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар