Оптимизам кај капитенот Кирил Лазаров во пресврт на дуелот со ривалот, со кој играме често последните години.

- Атмосферата е добра во репрезентацијата. Некој на почетокот да ни ја понудеше оваа ситуација ќе ја прифатевме со две раце. Сега со победа и со еден гол разлика ќе бидеме први во групата и што е исто така важно ќе бидеме и во подобар „шешир“ на извлекувањето за групите на Европското првенство во Хрватска. Имаме сили и имаме доволно мотиви да победиме особено што веќе имаме доволно видео материјали за утрешниот противник, вели Лазаров.

На чело на табелата во групата е Чешка со 6 бодови, Македонија и Украина имаат по 5, а последен е Исланд со 4. Дуелот Македонија – Чешка се игра утре со почеток во 20:45 часот во ВИП Арена во СЦ „Борис Трајковски“, а во исто време играат и Исланд – Украина.

Билетите за натпреварот Македонија – Чешка се продадени и се очекува македонските ракометари да имаат максимална поддршка од трибините.

Датум на објава: сабота, 17 јуни 2017 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар