Репрезентациите на: Црна Гора, Русија, Словенија и Чешка, изборија пласман на Мундијалот во Германија што ќе се одржи кон крајот на годинава.
Резултати од синоќешните средби: Белорусија - Црна Гора 25:23 (вкупни 51:58), Полска – Русија 28:32 (48:63), Словенија – Хрватска 27:28 (55:51) и Турција – Чешка 23:31 (48:60).

На претходно одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Шведска – Македонија 46:27 (77:47 вкупен резултат) и Австрија – Романија 24:33 (67:53), Србија – Италија 34:16 (67:39), Словачка – Унгарија 24:24 (43:52) и Шпанија – Украина 22:20 (46:44).

Пласман на СП од европската зона претходно имаат обезбедено, Норвешка, Данска, Холандија и Франција како првопласирани од Европското првенство 2016 и Германија како домаќин, а по бараж дуелите им се приклучија: Шведска, Австрија, Србија, Унгарија и Шпанија .
Мундијалот во Германија ќе се одржи во декември годинава, а ждрепката за групите е предвидена за 27 јуни во Хамбург. 

Датум на објава: петок, 16 јуни 2017 во 11:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар