Со потпишување на овој договор ќе се поттикне интересот за спортските активности и општествената одговорност за дејностите од јавен интерес, со тоа што преку дадената донација ќе бидат подмирени тековните обврски на кошаркарскиот клуб.

- Секоја година во програмата за работа и развој на ЈП Паркинзи на Општина Центар е предвидена донација на парични средства за унапредување, промоција, поддршка и развој на спортот и спортските активности. Вложувањето во спортот и неговиот развој секогаш дава одлични резултати, затоа ЈП ПОЦ од почетокот ги поддржува спортистите на КК Работнички и ги стимулира да се борат за поголеми успеси не само на државно, туку и на европско и меѓународно ниво“, изјави Богдановиќ, по потпишувањето на договорот. 

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 14:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар