„Црвено-жолтите“ гостуваат во Украина во обид да стигнат по првите бодови на теренот на ривалот и да обезбедат учество на ЕП.

Од повиканите играчи поради повреда отпадна Велко Маркоски, а во Скопје останаа и голманите Никола Митревски и Мартин Томовски, како и бекот Горан Крстевски.

По вчерашниот триумф од 27:24 над Исланд Чешка е пред пласман на ЕП и ќе навива денеска за Македонија. Во случај нашите ракометари да победат Македонија и Чешка како две првопласирани селекции ќе обезбедат пласман на првите две места во групата и на ЕП. Во тој случај дуелот во Скопје ќе биде само за меѓусебен престиж и евентуално, која селекција во кој „шешир“ од извлекувањето на групите ќе биде. 

Дуелот Украина – Македонија почнува во 18 часот по македонско време. 

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 10:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар