Србија ја победи Италија со 34:16, Унгарија одигра нерешено 24:24 со Словачка и ја зачува предноста од првиот дуел, а Шпанија беше подобра од Украина со 22:20.

Резултати на синоќа одиграните дуели: Србија – Италија 34:16 (67:39 вкупен резултат), Словачка – Унгарија 24:24 (43:52) и Шпанија – Украина 22:20 (46:44).

Денеска се играат последните четири натпревари од баражот: Белорусија – Црна Гора (26:33 прв натпревар), Полска – Русија (20:31), Словенија – Хрватска (28:23) и Турција – Чешка 25:29.

На вчера одиграните дуели: Шведска – Македонија 46:27 (77:47 вкупен резултат) и Австрија – Романија 24:33 (67:53).

Пласман од европската зона на ракометниот Мундијал имаат обезбедено уште и: Норвешка, Данска, Холандија и Франција како првопласирани од Европското првенство 2016 и Германија како домаќин. 

Датум на објава: четврток, 15 јуни 2017 во 10:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар