Според пишувањата во дел од шпанските медиуми тој е многу блиску до трансфер во каталонскиот клуб.

- Доаѓам во Барселона сега или никогаш, е изјавата на Верати кој ја пренесуваат тамошните медиуми.

Дали ќе се оствари трансферот на Италијанецот од ПСЖ во Барселона зависи и од францускиот шампион и одговорот на понудата од Каталонците за која се шпекулира дека ќе се движи меѓу 70 и 100 милиони евра.

Верати во ПСЖ е од 2011 кога пристигна од Пескара. 

Датум на објава: среда, 14 јуни 2017 во 14:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар