Јапонците кои се лидери во Б групата од Азиските квалификации на гостувањето во Техеран одиграа 1-1 против Ирак во дуелот од 8.коло.
Со голот на Јуја Осако уште во 8.минута Јапонија поведе со 1-0, но  не успеа да ја сочува предноста и да ги освои трите бодови, бидејќи Махди Камил во 72.минута го израмни резултатот на 1-1.

Од азискиот континент досега единствено пласман на Мундијалот во Русија има обезбедено селекцијата на Иран.

Резултати и табели по одиграните натпревари од 8.коло:

А група: Иран – Узбекистан 2-0, Сирија – Кина 2-2 и Катар – Јужна Кореја 3-2.

Табела: Иран 20 бодови, Јужна Кореја 13, Узбекистан 12, Сирија 9, Катар 7 и Кина 6.

Б група: Австралија – Саудиска Арабија 3-2, Тајланд – Обединети Арапски Емирати 1-1 и Ирак – Јапонија 1-1.

Табела: Јапонија 17 бодови, Саудиска Арабија 16, Австралија 16, Обединети Арапски Емирати 10, Ирак 5 и Тајланд 2.  

Датум на објава: среда, 14 јуни 2017 во 10:21
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар