На „Стад де Франс“ во Париз, а во чест на жртвите во последните терористички напади во Лондон и Манчестер, фудбалерите на Франција синоќа ја совладаа Англија со 3-2.

Англичаните први поведоа во 9.минута со голот на Хари Кин. Во продолжение на првиот дел „триколорите“ успеаја да направат целосен пресврт. Умтити (22.минута) го израмни резултатот, Сидибе (44) и донесе предност на Франција од 2-1. На стартот на вториот дел Рафаел Варан несмасно стартуваше, па главниот судија му покажа црвен картон и досуди најстрога казан на Англија, која ја реализираше Кин за израмнување на 2-2. Иако со фудбалер помалку сепак Французите на крајот се радуваа откако Дембеле во 78.минута ги постави конечните 3-2.

Од останатите меѓудржавни пријателски натпревари ги издвојуваме, победата на Бразил на гостувањето кај Австралија со 4-0, нерешениот резултат на скандинавските ривали Норвешка – Шведска чиј дуел заврши 1-1, победата на Романија пред своите симпатизери над Чиле со 3-2, како и убедливиот триумф на Колумбија од 4-0 на гости кај Камерун. 

Датум на објава: среда, 14 јуни 2017 во 10:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар