Најдобриот македонскиот ракометар со петтиот трофеј оваа сезона ја заврши четиригодишната авантура во каталонскиот клуб и по седум години поминати во Шпанија заминува во француски Нант.

Овој трофеј за Лазаров е вкупно 21-ви во дресот на Барселона и 54-ти во кариерата.

Ова се 54. освоени трофеи на Лазаров во неговата досегашна кариера:

Лигата на шампионите – 1 (со Барселона).
IHF Супер глоб – 3 (1 со Атлетико Мадрид и 2 со Барселона).

Национален првак – 18 (2 со Пелистер, 7 со Загреб, 5 со Фотекс Веспрем, 4 со Барселона).

Национален куп – 19 (2 со Пелистер, 5 со Загреб, 5 со Фотекс Веспрем, 3 со Сиудад Реал, 4 со Барселона).

АСОБАЛ купот – 5 (1 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона).

АСОБАЛ Суперкуп – 6 (2 со Атлетико Мадрид и 4 со Барселона).

Каталонски Суперкуп – 2 (со Барселона).

Покрај овие колективни признанија, Лазаров често пати и индивидуално се истакнуваше носејќи го дресот на најтрофејниот клуб во Шпанија и Европа. /МИА

Датум на објава: понеделник, 12 јуни 2017 во 10:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар