Пандев рече дека нашата селекција почнала со преголем респект кон противникот, на моменти и исплашено и дека било тешко да се игра против селекција која цело го контролира поседот на топката.

- Знаеме каква репрезентација е Шпанија, почнавме исплашено, па дури во вториот дел личевме на себе. Сепак игравме колку што тие ни дозволија. Тешко е да се игра против репрезентација која постојано ја има топката. Мислам дека толку е и нашиот лимит. Играме добро цел циклус квалификации и мислам дека заслуживме повеќе бодови, нагласи Пандев.

Македонската селекција во моментов е петто пласирана со само три бодови освоени на гостувањето кај Лихтенштајн со победата од 3:0. /МИА

Датум на објава: понеделник, 12 јуни 2017 во 09:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар