Избраничките на селекторот Симе Симевски против фаворизираните Швеѓанки ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реванш дуелот кој ќе се игра во вторник на теренот на противникот.

Вечерашниот меч меѓу Македонија и Шведска ќе започне во терминот од 20 часот и 30 минути, а е последниот од петте кои се играат денеска.

Во останатите средби од денешната програма се среќаваат: Италија – Србија, Унгарија – Словачка, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.

На натпреварите одиграни вчера, беа постигнати постигнати овие резултати: Црна Гора - Белорусија 33-26, Русија - Полска 31-20, Романија - Австрија 34-29 и Украина - Шпанија 24-24. 

Датум на објава: сабота, 10 јуни 2017 во 12:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар