Надал во финалето на Гренд-слем турнирот Роланд Гарос се пласира со победата во три сета над Доминик Тим со 6:3, 6:4 и 6:0 по сетови.

Надал, кој е четврти носител на турнирот во своето рекордно десето финале на Гренд Слем турнирите за титулата на Роланд Гарос, ќе се бори со Швајцарецот, Стан Вавринка (3.носител) кој со 3-2 по сетови 6:7, 6:3, 5:7, 7:6, 6:1, го победи светскиот рекет број 1, Британецот, Енди Мареј.

Денеска (15 часот) на програмата на Ролан Гарос е женското финале, а титулата на ќе се борат Романката, Симона Халеп и Јелена Остапенко од Летонија. 

Датум на објава: сабота, 10 јуни 2017 во 11:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар