Во маратонски меч, што траеше 4 часа и 34 минути, Вавринка беше подобар со 3-2 во сетови: 6:7 (6:8); 6:3; 5:7; 7:6 (7:3) и 6:1.

Мареј во два наврати водеше со 1-0 и со 2-1 во сетови, но Вавринка успеваше да се врати резултатски и во решавачкиот сет беше доминантен и се избори за свое второ финале на Ролан Гарос.

Вавринка в недела во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале кое е во тек, а играат Рафаел Надал од Шпанија и Доминик Тим од Австрија. 

Датум на објава: петок, 09 јуни 2017 во 19:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар