Селекторот Раул Гонзалез истакна дека овие денови ќе ги искористи за воигрување, а со А репрезентацијата тренираат и неколку младински репрезентативци. За отсуството на дел од играчите поради клупските обврски напомена дека тие нема да имаат проблем да се вклопат откако во понеделник ќе се приклучат на тимот.

- Сите во групата имаме по четири бодови. Добро е што имаме неколку дневни подготовки и важно е да одиме натпревар по натпревар. Првиот најтежок ривал сега ни е Украина, потоа ќе мислиме на Чешка со која играме на домашен терен. Со Украина на гости ќе биде тешко дека веќе постигнаа две победи пред своите навивачи (Исланд и Чешка). Ако направиме позитивен резултат ќе имаме големи шанси да освоиме едно од првите две места. Затоа е важен дуелот со Украина, а потоа пред полна сала во Скопје да постигнеме позитивен резултат и да се пласираме на ЕП во Хрватска, изјави Влатко Митков.

Дуелот Украина – Македонија е од 5.коло од групата 4 и се игра на 15 јуни во Суми, а ден порано играат Чешка и Исланд.

Во групата сите селекции имаат по 4 бодови и во моментов прва е Чешка со најдобра гол разлика (+10), Македонија е втора со (+3), Исланд е на третото место  (-5), а Украина е последна со (-8).    

Датум на објава: петок, 09 јуни 2017 во 17:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар