Во рамките на подготовките македонските ракометарки одиграа три контролни дуели на турнир во Турција и постигнаа победа против Литванија, а загубија од Русија и од Турција.

Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓорѓиевска во пресрет на дуелот со Шведска изјави дека натпреварите во Анталијља биле добредојдени.

- Трите натпревари во Анталија беа добредојдени. Особено што за ривал имаме силна репрезентација (Шведска). Ќе направиме се да постигнеме добар резултат, особено што нашата форма е во нагорна линија. Важно е секоја ракометарка да го даде својот максимум и да се бориме како што тоа го правевме на квалификациите на Фарски острови. Воедно потребна ни е поддршка од публиката за да имаме добар резулат, рече Ѓорѓиевска.

Натпреварот се игра во СРЦ Кале утре со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен.

За пласман на СП се играат вкупно девет бараж дуели, а вечерва на програмата се натпреварите: Црна Гора – Белорусија, Русија – Полска, Романија – Австрија, Украина – Шпанија. Утре покрај натпреварот Македонија – Шведска играат уште: Италија – Србија, Унгарија – Словачка, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.

Пласман на шампионатот имаа обезбедено Германија како домаќин и Норвешка како светски првак. /МИА

Датум на објава: петок, 09 јуни 2017 во 09:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар