На стартот од подготовките ќе ги нема нашите интернационалци кои играат за Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски, како и играчите од Бундес лигата Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Миркуловски. Од обврските до понеделник ќе биде ослободен и Столе Стоилов, поради настапите на Вардар, а тогаш се очекува и комплетирањето на селекцијата. Нивните места овие три дена ќе бидат пополнети со играчи од младинската селекција, која ќе настапи на СП во Алжир.

- Јас сакам да имам време за да ја подготвам екипата, но и овојпат нема многу време. Но, така е за сите. Треба максимално да се искористи времето. Првите тренинзи ќе бидат со помладите. За Украина знаеме дека е опасна селекција, впрочем сите во групата победуваат дома. Треба да најдеме против игра за нивната игра, изјави селекторот на Македонија Раул Гонзалез.

Раул истакна има и некои повредени играчи, но јасната слика ќе ја има на вечерниот тренинг. 

Датум на објава: четврток, 08 јуни 2017 во 16:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар