Тие како трети носителки ја потврдија фаворитската улога и ги победина со 2-0 во сетови хрватските тенисерки Ана Бискиќ и Ани Мијацика.

Првиот сет Ѓорческа и Најденова го добија со 6:4 во гемови, а во вториот беа подобри со 6:1. Во следното коло ќе играат против српско-бугарската комбинација Ивана Јоровиќ и Елица Костова.

Ѓорческа и во второто коло во сингл утре ќе игра против Јоровиќ од Србија, која со 2-0 во сетови ја победи денеска седмата носителка Кристина Куцова од Словачка. /МИА

Датум на објава: среда, 07 јуни 2017 во 18:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар