Самодовербата по синоќешната победа над Бугарија (77:62) беше присутна помеѓу избраничките на Марјан Лазовски што резултира со силен отпор на фаворитот. Во првиот период Македонија не и дозволи на Јапонија да создаде голема предност, а со прецизни шутеви за три поени стигна и до водство (18:17). Следеа неколку грешки во контра-напад по кои гостите од Азија го презедоа водството.

Во вториот дел од натпреварот, нашите кошаркарки се обидоа да ја забават играта на противникот, но одолговлекувањето на акциите резултира со брзи контри на Јапонија.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Криси Гивенс со 32 и Нена Трајчевска и Јелена Антиќ со по 15 поени. /МИА

коментари

остави коментар