Тој беше подобар од Марсел Гранољерс. Во второто коло тој ќе игра со Жоао Соуса, кој со 3-1 во сетови го совлада Јанко Типсаревиќ.

Од фаворитите кои досега се појавија на теренот на вториот ден од турнирот максимални победи од 3-0 во сетови постигнаа: Рафаел Надал против Бено Пер, потоа Милош Раониќ против Стив Дарцис и Давид Гофан го совлада Пол Матју.

Во женска конкуренција шампионката од лани Гарбине Мугуруза ја совлада Франческа Скиавоне, која победи на Ролан Гарос во 2010 година, додека пласман во второто коло обезбеди и Каролине Возниацки со триумфот над Жеме Фурлис. /МИА

Датум на објава: понеделник, 29 мај 2017 во 16:42
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар