- Целосно ми е јасно дека Ферари вложува максимален труд Фетел да оставри најдобар резултат. Многу е тешко на оваа патека возачот кој заостанува да го престигне водечкиот, освен ако тоа не е тимска одлука, изјави Хамилтон.

Трката во Монако од пол-позицијата ја почна Раиконен, но тимскиот колега Фетел го помина откако Финецот отиде во „бокс“.

Од Ферари негираа дека се работи за однапред разработена тактика, а Фетел нагласи дека немало тимски наредби за пропуштање. /МИА

Датум на објава: понеделник, 29 мај 2017 во 09:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар