Тимот на Кливленд ноќеска на гостувањето во Бостон славеше триумф со 135:102 и со конечни 4-1 во победи го доби финалето на Источната конференција.

Леброн Џејмс постигна 35 поени, а Кајри Ирвинг 24 кај победничката екипа, додека за Бостон најпрецизен беше Ејвери Бредли со 23 поени.

Така трета сезона по ред во финалето на НБА лигата ќе играат Кливленд и Голден Стејт. Двата тима на доминантен начин стигнаа и оваа сезона до финалето. Кливленд имаше серија од 12 победи и само 1 пораз во во плеј-офот, додека Голден Стејт оствари 12 победи без ниту еден пораз.

Финалната серија која се игра во четири добиени натпревари по принципот 2-2-1-1-1, почнува на 1 јуни во четврток, а домаќин на првите два дуела е Голден Стејт. /МИА

Датум на објава: петок, 26 мај 2017 во 09:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар