Првиот заеднички тренинг Ѓоковиќ и Агаси го имаа денеска на терените во „Роланд Гарос“ во Париз, каде в недела и официјално ќе стартува вториот овосезонски Гренд слем турнир, Отвореното првенство на Франција.

Фотографии на двајцата поранешни најдобри тенисери во светот, сега во улога на играч и на тренер, ги преплавија социјалните мрежи и се денешна топ тема од тенисот.

Новак Ѓоковиќ по ланскиот триумф на „Ролан Гарос“ се соочи со голем пад и криза во кариерата, во која по серијата слаби резултати ја загуби водечката позиција на АТП листата.

Србинот неодамна ја прекина соработката со тренерот Марјан Вајда и со целиот тренерски тим со кој работеше долго време и тргнува во нов почеток под водство на Андре Агаси, со кој ќе се обиде да го одбрани трофејот во Париз. 

Датум на објава: четврток, 25 мај 2017 во 17:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар