Во изедначен натпревар ниту една екипа не успеа да добие четвртина поголема од два поена. На три минути пред крајот гостинот Карпош Соколи водеше со 78:74, но домаќинот со серија од 11-2 направи пресврт и поведе со 85:80 што се покажа решавачко. Во клучните напади гостите промашија неколку удари за три поени.

Најефикасни кај победникот беа Шарлон Клоф со 29 поени и Ѓорѓе Дреновац со 23, додека кај Карпош Соколи најпрецизни беа Драган Лабовиќ и Кендрик Пери со по 17 поени.

Признанието МВП (најкорисен играч) на финалето го доби Шарлон Клоф од МЗТ Скопје, додека шампионскиот пехар на капитенот Марко Симоновски му го предаде претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски. /МИА

коментари

остави коментар