Таа денеска загуби од холандската тенсиерка Куерин Лемоне со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:3 во гемови).

Ѓорческа добро го отвори мечот и поведе со 1-0 откако го доби првиот сет со 6:3. Во следните два сета до 3:3 во гемови мечот беше изедначен, но потоа поискусната ривалка од Холандија ги добиваше трите гема и сетовите ги завршуваше со 6:3.

За Ѓорческа сега претстојат настапи на некои од ВТА или фјучрс турнирите на кои е пријавена. /МИА

Датум на објава: среда, 24 мај 2017 во 17:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар