Според информациите објавени во француските медиуми, Бушар ги истегнала лигаментите и поради тоа нема да може да игра на престижниот турнир закажан за 28 мај.

Канаѓанката во моментот е на 56.позиција на ВТА ранг листата.

Токму Бушар беше една од најголемите противнички за доделување на специјална покана на руската тенисерка Марија Шарапова по скандалот со допингот.

Сега покрај Шарапова и таа нема да има можност да учествува на годинашното издание на „Ролан Гарос“ кое има награден фонд од 36 милиони евра. /МИА

Датум на објава: среда, 24 мај 2017 во 12:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар