Токму „мајсторката“ треба да го даде и одговорот на прашањето кој ќе ја освои шампионската титула за сезоната 2016/2017.

На изминатите четири натпревари домашниот терен се покажа како голема предност, па МЗТ ги доби двата меча во СЦ „Јане Сандански“, а Соколите славеа во СЦ „Борис Трајковски“.

Ќе биде ли тоа случај и во денешниот меч кој ќе се игра од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“ останува да се види.

Инаку, по неколкуте преписки и „препукувања“ на двата клуба, кои во неколку наврати искажаа незадоволство од арбитражата на македонските судии на изминатите четири средби, МКФ реши натпреварот да го судат арбитри од Турција.

МЗТ Скопје Аеродром ќе атакува на својата шеста титула (во низа), додека Карпош Соколи кој веќе сезонава освои трофеј во Купот на Македонија ја „брка“ првата шампионска круна. /МИА

Датум на објава: среда, 24 мај 2017 во 11:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар