На четвртиот меч од финалната серија, синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ кошаркарите на Карпош Соколи го совлада актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со 86-78 (26-25, 30-14, 9-22, 21-17), со што го израмнија резултатот на 2-2 во победи и се изборија за „мајсторка“.

По петмина играчи во двата тима средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Кај победникот, а воедно и на натпреварот, најмногу имаше Кендрик Пери 24, додека  кај МЗТ Скопје по 17 поени постигнаа Стефан Синовец и Данило Мијатовиќ.

Годинашниот шампион на Македонија ќе се решава во последниот петти меч кој ќе се игра в среда (24 мај) во СЦ „Јане Сандански“. 

Датум на објава: понеделник, 22 мај 2017 во 10:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар