Аеродромци вечерва против Карпош Соколи ќе го играат четвртиот натпревар во финалето од плелејофот.

Актуелниот првак веќе има два триумфи во серијата подобар до три победи, па на МЗТ Скопје му треба уште една да ја обезбеди шестата во низа шампионска титула.

„Соколите“ ќе се обидат со триумф да го израмнат резултатит и да се изборат за мајсторка, преку која би бркале шанса за освојување на првиот шампионски трофеј.

Вечерашниот четврти натпревар меѓу Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот.

Евентуалната мајсторка ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, а спортед календарот предвиден е за во среда (24 мај).

 


Датум на објава: недела, 21 мај 2017 во 15:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар