Дуелот беше прекинат синоќа поради дожд при водство на Ѓоковиќ од 1-0 во сетови и 2:1 во гемови за Дел Потро.

Ова беше нивни 18.ти меѓусебен меч и Ѓоковиќ води со 15-3.

Негов ривал вечерва во полуфиналето ќе му биде Доминик Тием, кој го победи Рагаел Надал. Мечот треба да почне во 20.00 часот.

Во првото полуфинале играат Александар Зверев и Џон Изнер.

На женскиот дел од турнирот Симона Халеп избори финале откако ја совлада Кики Бертенс со 2-0 во сетови (7:5 и 6:1), додека во второто полуфинале ќе играат Гарбине Мугуруза и Јелена Свитолина. 

Датум на објава: сабота, 20 мај 2017 во 17:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар