Гризман се почесто се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед кој нема да жали пари и е подготвен да плати дури и рекорден износ за да го ангажира голгетерот, но Французинот има намера д аостане во Мадрид.

- Би го напуштил Ателетико само за да играм со Дерик Роуз, се пошегува Гризман во изјава за шпанските медиуми.

Уживам во атлетика и многу сум среќен. Сепак, ќе има состанок со менаџерите како навистина би знаел што се случува. Задоволен сум со приватниот и професионален живот во Мадрид. Ги сакам соиграчите и тренерот Симеоне и посакувам да освојувам трофеи со Атлетико, додаде Гризман.
Тој зад себе има одлична сезона со 26 гола во сите натпревари на кои настапи за Атлетико. 

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 12:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар