Леброн Џејмс со 38 и Кевин Лав со 32 поени беа најзаслужните за триумфот на Кливленд.

Во поразениот тим се истакнаа Ејвери Бредли и Џае Краудер со по 21 поен, како и Акзеа Томас кој стигна до дабл-дабл ефект 17 поени и 10 асистенции.
За Кливленд ова беше деветта победа во плеј-офот, а веќе на следниот дуел закажан ноќта меѓу петок и сабота повторно во Бостон, шампионот може да дојде до биланс 10-0 и да го повтори успехот од минатата сезона. 

Датум на објава: четврток, 18 мај 2017 во 09:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар