Ова беше заостанат натпревар од 21.коло.

Кристијано Роналдо постигна два гола за Реал (10 и 48.минута), а во листата на стрелците се запишаа и Карим Бензема (70) и Тони Крос (88), додека голот за Селта го постигна Џон Гвидети (69).

На коло до крајот на сезоната во Примера, Реал е водечки со 90 бодови, три повеќе од големиот ривал Барселона (87).

За да го освои шампионскиот трофеј на Реал в недела на гостувањето кај Малага му е потребен само бод. Барселона на „Камп Ноу“ против Еибар важи за апсолутен фаворит и се очекува да победи. /МИА

коментари

остави коментар